Значењето и важноста на pH вредностите

pH е скала со која се мери киселоста и базноста во растворот (концентрацијата на водородни јони). Се движи од 0-14, каде што 0 означува најкисело, 7 e неутрално, a 14 најалкално. pH скалата е логаритамска, што значи дека pH 8 е десет пати поалкален од 7, a pH 9 сто пати поалкален.

Крвта и другите течности во телото што ги опкружуваат клетките се благо алкални (pH oд 7,2 дo 7,45). Доколку се промени pH krvi на крвта на 6,9 би настапила кома, а потоа и смрт.

За среќа, нашиот организам има механизми кои му помагаат да ја одржи рамнотежата и да спречи големи промени на вредностите на pH. Toа се дишењето – белите дробови, потоа тнр. пуферски системи во телесните течности и селекција на водородните јони во бубрезите.

Сепак, денешниот начин на живеење доведува до создавање на големи количества на тнр. "кисел отпад" во нашите организми.

97% од храната како производ на метаболизам создава кисел отпад, a од важните фактори на закиселување се пушењето, алкохолот, стресот и загадувањето.

Нашето тело принудено е константно да се бори со создадените киселини, а тоа со тек на време ги осиромашува резервите на нашите системи за неутрализација.

Создадените киселини долгорочно го оптеретуваат нашиот организам, а тоа доведува голем број на проблеми: дебелина, намален имунитет, недостаток на енергија, но исто така и цела палета на болести поврзани со киселоста, кои вклучуваат дијабетес, остеопороза, формирање на камен во бубрег, артритис, рак и др.

Aлкалната вода во себе има повеќе негативни OH-joни, што доведува до поголема достапност на кислород во крвта. Всушност, ако е крвта само малку поалкална (oд 7,3 дo 7,45) во неа ќе има околу 2/3 повеќе кислород, кој ќе им биде достапен на сите клетки во нашиот организам!

Др Ото Варбург (Otto Warburg), кој добил 2 Нобелови награди, 1932. година, открил дека недостатокот на кислород во клетките доведува до рак. За разлика од нормалните клетки, на клетките на ракот, кислородот не им е потребен и тие растат во кисела средина.

Др Варбург (Warburg), исто така, открил дека создавањето на мутираните рецептори, што доведува до рак, не може да се случи доколку pH вредноста на клетките е во здраво алкално ниво.

За да се избори со големото количество на кисел отпад, организмот произведува премногу слободни радикали, кои оксидираат не само отпад, туку и здрави клетки.

Негативните OH-joни од алкалната вода ги неутрализираат слободните радикали, односно дејствуваат како моќен антиоксиданс.

Научниците ги испитувале причините за долговечноста на одредени народи и востановиле дека на сите им е заедничка чистата алкална вода!

Единствен состав
Пролом и Вашето здравје
Значењето и важноста на pH вредностите