Зошто пролом?

Изворот на Пролом вода се наоѓа на источните падини на планината Радан, која му припаѓа на најстариот вулкански масив на овие простори. Целата област на планината Радан претставува своевидна еколошка оаза, затоа што во дијаметар од 50 km нема никакви индустриски постројки ниту пак прометни сообраќајници. Изворот на Пролом вода и современата постројка за флаширање се наоѓаат во непосредна близина на Пролом Бања, во која сите лековити својства на  Пролом водата и околниот природен амбиент се во служба на подобрување на здравјето и виталноста.

 

Пролом вода припаѓа на групата нискоминерализирани, високоалкални бикарбонатни води. Поседува диуретички и бактериостатски ефект. Ниската минерализација овозможува да може да се пие во големи количества, а минералниот состав им одговара на сите категории на потрошувачи: деца, бремени жени, возрасни, спортисти и рекреативци.

Пиењето на Пролом вода благотворно делува на:

- болестите на бубрезите и на уринарниот тракт,

- болестите на органите за варење,

a во комбинација со балнеотерапијата во Пролом Бања се препорачува кај:

- болестите на кожата,

- ревматизмот.

На својот пат од изворот до потрошувачите, Пролом вода минува низ комплетно затворен систем без било какви физички или хемиски третмани. Својот прв контакт со надворешниот свет Пролом вода го остварува кога ќе го отворите шишето!

Единствен состав
Пролом и Вашето здравје
Значењето и важноста на pH вредностите