Бубрези и уринарен тракт

Кај заболувањата на бубрезите и на уринарниот тракт Пролом водa посебно помага при лекувањето на:
хронични инфекции на бубрезите и на уринарниот тракт,
камења во бубрезите и во уринарниот тракт,
состојби по хируршки интервенции на уринарниот тракт,
бенигни заболувања на простатата.

Поради единствениот минерален и хемиски состав, природната минерална Пролом водa многу поволно влијае на бубрезите.

Поради ниската минерализација брзо се елиминира од организмот, делува како исклучително добар природен диуретик. Со зголемената диуреза се користи кај камења од сите состави, затоа што во урината ја намалува концентрацијата на соли од кои се формира каменот. Со специфичната тежина 1,000532 oбезбедува намалување на специфичната тежина на урината што е важно во лекувањето на калкулози.

Благодарение на микроелементот силициум од Пролом водa се намалува каменот во бубрегот и се подобрува неговото исфрлање, се олеснува болното мокрење, се спречува задржувањето на урина.

Пролом водa ја зголемува диурезата без промена на содржината на електролити. Го штити ткивото на уринарниот систем од обложување со распаднатите продукти од урината, спречувајќи на тој начин создавање на камен.

Присуството на камен и песок доведува до механичко оштетување на слузокожата на уротрактот, мета силициумската киселина од Пролом водa ја подобрува епителизацијата на оштетеното ткиво и ја намалува големината на олитарните (поединечни) цисти на бубрезите, исто така, го намалува и нивото на уреа и креатинин во крвта.

Пролом водa делува поволно на крвните садови во телото, па така и на крвните садови на бубрезите, со што се постигнува подобрување на општата состојба на бубрезите.

Истражување на влијанието на Пролом вода на елиминација на камењата во бубрезите и во уринарниот тракт

Клиничкото истражување во кое се анализираше отстранувањето на каменот од бубрег, по ултразвучното разбивање со методата по ESVEL, кај пациентите кои веднаш по оваа интервенција пиеле Пролом водa покажа, дека кај 87% од пациентите дошло до комплетно елиминирање на каменот. Oд тоа дошло до 100% eлиминација на камен со големина од 10-19 mm, со тоа што не е забележана ниту една компликација ниту пак секундарна интервенција во текот на студијите, кои постоеле кај контролната група на пациенти кои по споменатата интервенција не користеле Пролом водa.

Исто така, изработена е клиничка студија во која се испитувал ефектот од примена на Пролом водa, како помошно средство во лекувањето на инфекциите на уринарниот тракт. Веќе по 10 дена дошло до значително подобрување, уринокултурите останале стерилни и 6 месеци по прекинот на лекувањето.

Од споменатото клиничко истражување заклучено е дека се постигнати двојно подобри резултати кај пациентите со камен во бубрег и во уринарниот тракт кои користеле Пролом водa, отколку кај пациентите со истите проблеми кои не користеле Пролом водa.

Единствен состав
Пролом и Вашето здравје
Значењето и важноста на pH вредностите