Ревматизам

Пролом водата во комбинација со балнеотерапијата во Пролом Бања благотворно влијае на ревматизмот:

• воспалителен ревматизам во смирена фаза,

• дегенеративен ревматизам (артрози, спондилози, спондилоартрози),

• зглобен и вонзглобен ревматизам (фиброзити, миозити, тендинити и паникулити).

Локомоторниот систем на човекот претставува зглобно-скелетен-мускулест систем кој му овозможува движење и секоја потешкотија во функционирањето на локомоторниот систем резултира со болки во грбот, вратниот дел на 'рбетот, колената, рамената, колковите, итн. Особено важна е рехабилитација по повредите и операциите на локомоторниот систем.

Силициумот е многу важен за развој на коскениот систем. Го намалува губењето на калциум кој е од суштинско значење за здравите коски и помага во лекување на остеопорозата. Го стимулира сврзувачкото ткиво и игра важна улога во неговата регенерација.

Ефикасен е за исчашувања и дислокации на зглобовите, искинати лигаменти, фрактури. Исто така, ги лекува и оштетените места во ткивата. Силициумот придонесува за обновување на врзувачите и на 'рскавицата, ја подобрува подвижноста на зглобовите, ја намалува болката поради оштетување на 'рскавицата (oстеоартритис) и придонесува кон зајакнување на врзувачкото ткиво.

 

Природни фактори во Пролом Бања: кал и хидротерапија со Пролом вода во комбинација со електротерапија, рачна масажа, кинезитерапија ги ублажуваат дегенеративните промени во коските кои предизвикуваат потешкотии во движењето и извршувањето на секојдневните обврски.

Најголемиот процент на нашите пациенти кои доаѓаат во Пролом Бања поради болести на бубрезите, органите за варење, кожните болести се жалат на болки во колената, рамената, 'рбетните пршлени, колкови, зглобови на рацете и нозете, сосотојби по вградување на вештачки колк, по операција на 'рбетните пршлени, по фрактури, исчашувања на зглобови итн. така да им препишуваме балнео и физикални процедури во смисол на намалување на субјективната непријатност, и се трудиме максимално функционално да ги опоравиме за извршување на секојдневните животни активности. Целта на овие програми е повторно да се воспостави мобилноста, да се поправи грубата мускулна сила, да се зачува или да се поправи обемот на движења, координација, да се намали болката.

Единствен состав
Пролом и Вашето здравје
Значењето и важноста на pH вредностите