Кожa

Пролом водата во комбинација со балнеотерапијата во Пролом Бања, ја препорачуваме кај заболувањата на кожа:

• псоријаза и други нарушувања на кератинизацијата,

• инфламаторни дерматози - егземи, микози и друго.

Примената на Пролом водата и на пелоидите има топлински, механички и хемиски ефект. Значајни промени во морфологијата на кожата: stratum korneum и stratum lucidum стануваат потенки, се зголемува пермеабилноста на кожата. Се намалува активноста на воспалителниот процес, се подобрува микроциркулацијата, постои позитивен ефект на имунолошките процеси.

Балнеотерапијата во Пролом Бања индицирана е во лекување на егземи, псоријази и други нарушувања на кератинизацијата, микози. Направени се голем број на студии кои го испитувале ефектот на балнеотерапијата на симптомите и знаците на псоријаза. Биле опфатени голем број на пациенти со псоријаза. Направено е и споредбено испитување на ефектите на балнеотерапијата со емолиенс и балнеотерапијата комбинирана со тописки медикаменти.

Истражување на влијанието на Пролом водата на заболувањата на кожата

Изработени се повеќе клинички студии за испитувањето на ефектот на балнеотерапијата во Пролом Бања на поедини дерматози, со посебен осврт на псоријаза и егзема. По седумдневната балнеотерапијата кај егземи, просечниот процент на подобрување на знаци и симптоми изнесуваше околу 60%. Кај акутниот контактен дерматитис процентот на подобрување се движеше од 33 дo 84%, a кај невродерматитисот од 30 дo 44%. Кај псоријазите, процентот на подобрување изнесува околу 40% на крајот на третата недела од лекувањето кај повеќето пациенти, а по четири недели просечно околу 46%. Реакциите на пациентите на балнеотерапијата се индивидуални и во некои случаи процентот на подобрување се движи и до 85%.

Единствен состав
Пролом и Вашето здравје
Значењето и важноста на pH вредностите