Oргани за варење

Пролом водата ја препорачуваме кај болестите на органите за варење:

• хиперциден гастритис,

• чир на желудник и на дванаестопалачно црево,

• воспаленија на црева,

• хронична опстипација,

• воспаление на жолчното кесе и на жолчните канали,

• камен на жолчното кесе,

• состојба по хируршките операции на органите за варење.

Непосредно по пиењето на Пролом водата бикарбонатите ја неутрализираат желудочната киселина со што се намалува киселоста на желудочниот сок. Се намалуваат диспептичките проблеми (чувство на надуеност по оброк, гасови, горушицa или пождригнување).

Со пиењето на Пролом водата се забрзува моториката на цревата, а со самото тоа и празнењето на цревата, што е многу важно кај  хроничната опстипација.

Бикарбонатите ја подобруваат секреторната функција на црниот дроб, што се манифестира со холагогно дејство. Под нивно дејство се зголемува билигенезата и доаѓа до подобро празнење на жолчното кесе.

Силициумот од Пролом водата помага при природното лекување на хроничните воспаленија на органите за варење и алергиите затоа што ги регулира имунолошките процеси во организмот. Ги подобрува епителизацијата и лекувањето на чирот на желудник, фистулите на дебелото црево. Го намалува воспалението на слузокожата на жолчното кесе, спречува формирање и таложење на кристалите на холестерол на ѕидовите на жолчното кесе и така спречува појава на талог. Исто како бикарбонатите стимулира лачење и секреција на жолчката и ја подобрува регенерацијата на оштетеното ткиво на црниот дроб.

Како да се пие Пролом водата?

Кај болестите на органите за варење Пролом водата треба да се пие наутро 2 чаши, потоа еден час или половина час пред оброк да се испијат една или две чаши.

Пролом водата нема контраиндикации и може да се пие во неограничени количества.

Единствен состав
Пролом и Вашето здравје
Значењето и важноста на pH вредностите