Правни информации

Правни одредби

Стопанското друштво "Планинкa" AД Куршумлија со потребната грижливост, при дизајнирањето на интернет страницата, ќе се обиде да ја гарантира точноста и навременоста на информациите на своите интернет страници, иако не презема никаква одговорност за нивната точност и комплетност. Сите корисници ги користат објавените содржини на сопствена одговорност. Ниту "Планинкa" AД, ниту пак било кое друго правно или физичко лице кое учествувало во создавањето и изработката на оваа интернет страница не одговара за возможната штета, која би можела да се создаде поради достапност, користење или неможност за користење на информациите на интернет страниците или за било кои други грешки или пропусти во нивната содржина.

Сите информации и слики, кои ги содржи интернет страницата www.prolomvoda.com, се во законски дозволена рамка предмет на заштита или друг вид на заштита на интелектуалната сопственост. Документите објавени на оваа интернет страница може да се репродуцираат само во некомерцијални цели, при што мора да се сочуваат сите наведени предупредувања за авторските или другите права и не смеат да се препишуваат, репродуцираат или на било кој друг начин да се шират во комерцијални цели. Логотипот и услужното лого кои се јавуваат на овие страници се регистрирани логотипови на стопанското друштво "Планинкa" AД, oдносно акционерското друштво има право на нивна употреба.

 

Стопанското друштво "Планинкa" AД го задржува првото да ја промени содржината на овие интернет страници во секое време, на било кој начин без оглед на причината и без претходно предупредување. Притоа, не презема одговорност за било какви последици од таквите промени.

Заштита на приватноста

Стопанското друштво "Планинкa" AД сите добиени податоци за посетителите на интернет страницата ќе ги чува во согласност со Законот за чување на лични податоци и со останатите законски одредби со кои се регулира наведената област. Со праќањето на личните податоци преку формуларот за информации, посетителот на интернет страницата се согласува стопанското друштво "Планинкa" AД тие податоци да ги користи за интерни потреби за статистика и обработка на податоците. Притоа друштвото се обврзува дека податоците нема да им ги прати на трети лица или компании со цел на комерцијално искористување на личните податоци.

Единствен состав
Пролом и Вашето здравје
Значењето и важноста на pH вредностите