За нас

Акционерското друштво "Планинкa" основано е 1964. година како јавно претпријатие. Oд 1999. година работи како Акционерско друштво во сопственост на мали акционери. Во рамките на A.Д. Планинкa работи погонот за полнење на природната Пролом вода и Специјалната болница за рехабилитација Пролом Бања со 2 профитни центри: Пролом Бања и Луковска Бања. A.Д. Планинкa е и чувар на Споменикот на природата Ѓавоља Варош.

Прва негазирана вода на пазарот на поранешната СФРЈ

Исклучителниот квалитет на Пролом водата е главната причина поради која луѓето со децении наназад одеа во Пролом Бањата натоварени со балони, за да донесат дел од од овој единствен подарок од природата во своите домови. За да им ја направиме подостапна Пролом водата на потрошувачите, и за да им помогнеме да живеат поздраво, во исто време следејќи ги светските трендови, почнавме да ја пакуваме 1990. година, во време кога на пазарот на поранешна Југославија постоеја само газирани води.

Погонот за пакување на природната Пролом вода во својот асортиман има Пролом вода во PET шишиња со волумен од 1,5 и од 0,5 литри.

Сите информации за продажба на Пролом вода, може да се добијат од одделот за продажба.

Единствен состав
Пролом и Вашето здравје
Значењето и важноста на pH вредностите