ПРОЛОМ ВЕСТИ

Искуства на Корисниците

Почитувани,

се што правиме, во компанијата Планинка, правиме за да бидете задоволни. Нашата желба е да Ви ја овозможиме највисока возможна вредност, градејќи на тој начин долгорочни односи кои се засноваат на взаемна доверба.

За да стигнат вестите за лековитите својства на Пролом водата и до другите, потребна ни е Вашата помош. Ве молиме споделете ги со нас Вашите искуства и причините поради кои ја пиете Пролом водата.

Вашата Пролом вода

Eмилиja, Нови Сад

Кога отидов на преглед кај гинеколог ми рече "Вака сега, ќе земете фолна киселина 400mg дневно и ќе пиете најмалку 2 литри дневно Пролом вода", по што веднаш следеше моето прашање " Пролом? Зарем имам камен во бубрегот???" таа се насмевна и рече "немате камен во бубрегот, туку бебе во стомакот :).... бремените жени се подложни на чести инфекции, и јас секогаш инсистирам во текот на целата бременост да пијат Пролом вода". Taка, jaс безрезервно и верував кога ми го кажа тоа и го оправда своето тврдење, затоа што бебето Борис кое што тогаш ми беше во стомакот сега има 5 години, и од своето раѓање пие Пролом вода која првин ја варевме, a потоа, набрзо сфативме дека тоа не е потребно затоа што навистина немаше проблеми со грчевите како бебе, ниту пак било какви инфекции подоцна како дете кое се социјализираше со поаѓањето во градинка.

Денес, посебно сатисфакција ми е тоа што покрај на бремените жени, им препорачувам и на некои свои пријатели да почната да пијат Пролом вода, и кога после само две недели велат дека чувствуваат драстични промени ... јас онака од фазон им велам на оние што мислат дека остареле "па гледам нешто си се подмладил, a не смеам да прашам зошто;)"...."ма не Eмa..сериознo, и притисокот ми се стабилизира...."...и така... приказната никогаш не завршува....

Почитувани,

Ви се обраќам како би ги споделила со Вас моите искуства во врска со Пролом водата. Во моето семејство оваа вода често се користеше, но мене, девојка на дваесетина години, која премногу и не се грижеше за тоа која вода е поздрава и покавалитена, на почетокот оваа вода не ми се допадна, па обично користев вода од чешма. Не се одушевив ни кога докторот од Војномедицинската академија ми рече дека морам да пијам 2 до 3 литри Пролом вода дневно, по разбивањето на камен во бубрегот. Кога се мора – не е тешко, ја пиев. Меѓутоа, сега не би пиела ниту една друга! Се навикнав на нејзиниот вкус и ниту една друга не ми одговара, а свесна сум и за нејзината лековитост. Им ја препорачувам на сите, секое семејство на масата би требало да има барем едно шише Пролом вода, не само оние кои имаат проблеми со песок во бубрезите или слично, затоа што пиеме многу неквалитетна вода, грижата за своето здравје не треба да биде скапа.

Срдечен поздрав

Милена

Почитувани,

Во оваа прилика би сакала да Ви се заблагодарам за благодетите кои ги нудат изворите на Пролом Бања и да ги споделам со вас причините поради кои пијам Пролом вода.

Пред три години, поточно на 17. години, почувствував силна болка во бубрезите. Се испостави дека имам камен. Tогаш почнав да пијам Пролом вода, затоа што слушнав дека е природен лек за тој проблем. По некое време од употребата исчезна проблемот. После неа пробував и други води, но сфатив дека е незаменлива. Таа е толку чиста, питка и лековита. Повеќе не ни помислувам да пијам друга вода.

Татјана Радосављевиќ од Шимановац!

Почитувани,

Со години наназад ја посетувам Вашата бања, поради тоа, се чувствувам должна да ги изнесам своите лични согледувања и искуства.

Во Пролом Бања прв пат дојдов поради проблемите со бубрезите, а мојот сопруг поради простатата. Со пиење на водата, моите бубрези оздравеа, исечезнаа песокот и гнојните просеци. И простатата на мојот сопруг беше многу подобра и во текот на целата година немаше проблеми. Поради тоа продолживме да доаѓаме во бањата секоја година, а Пролом водата секојдневно ја пиеме и дома. Покрај тоа, со капењето во лековитата вода, проблемите во зглобовите и болките на 'рбетот полека исчезнаа.

Нашето многу позитивно искуство им го пренесовме на нашите роднини и пријатели, така да и тие лично можеа да се уверат во лековитите својства на вашата бања.

Самата бања се наоѓа на прекрасно место, мирот и љубезните вработени, покрај лекувањето овозможуваат и прекрасен одмор.

Би можела да наведам уште многу убави и позитивни работи, но морам да кажам дека вработените се толку љубезни и драги, и ниту еден момент, како гостин, не сте запоставени. Секогаш со насмевка ги задоволуваат барањата на секој гостин.

Со почит,

Вашиот верен гостин, Северењи Драгица

П.с. Ве молам да не се менувате!

Водата е лековита и делува прекрасно на организмот. Веке 6 месеци дома ја пијам  исклучиво оваа вода и планирам да продолжам.

Eленa

Како почнав да ја користам Пролом водата заборавив на сите проблеми кои ги имав, ќе се уверите само ако ја користите, а вреди да се проба.

Расима

Почитувани, само ќе Ви кажам дека на годишно ниво, во мојот дом се пијат илјада литри Пролом вода. Ја носиме и во странство, каде што делумно живееме и тамо ве промовираме на сите воз можни начини. Значи, Пролом водата за нас е ЗАКОН!

Mирјанa

Најдобрата вода на нашиот пазар, ја пијам веќе 5 години, топло им ја препорачувам на сите.

Joванa

Дефинитивно најдобра вода на пазарот! Сите пофалби, нема рамни, мислам дека е се кажано во тие два збора. Поздрав! :)

Mилицa

Пролом вода почнав да пијам пред неколку години и веднаш почувствував дека ми се намалија проблемите со простатата и со хемороидите. Подарок  од природата, навистина е подарок.

Зоран

Единствен состав
Пролом и Вашето здравје
Значењето и важноста на pH вредностите